Русија ја продолжи хуманитарната пауза во Алепо до 22 октомври

Русија ја продолжи хуманитарната пауза во Алепо до 22 октомври до 19 часот.

Русија ја продолжува хуманитарната пауза во Алепо уште еден ден, од 8 до 19 часот на 22 октомври, изјави началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на РФ генерал-полковник Сергеј Рудској.

„Единиците на таканаречената умерена опозиција и нивните ментори ја попречуваат нормализацијата на состојбата во околината на Алепо. Но, без оглед на тоа, на барање на претставници на ООН и други меѓународни организации, со одлука на претседателот на Руската Федерација „хуманитарната пауза“ во реонот на Алепо ќе биде продолжена за уште еден ден“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.

Рудској потенцираше дека Русија смета дека сите заинтересирани страни ќе имаат влијание врз милитантите за да ги спасат цивилите во источен Алепо, кои всушност се држат како заложници од страна на терористите.

Тој исто така истакна дека Русија и Сирија продолжуваат да ги исполнуваат обврските за нормализирање на хуманитарната ситуација во градот. Летовите на руските ВКС и и сириското воено воздухопловство се целосно запрени четири дена, авионите не можат да дојдат во близина на градот поблиску од десет километри. „Ние ги создадовме сите потребни услови за повлекување на цивилите и милитантите, како и за евакуација на болните и ранетите од источните квартови“, изјави Рудској.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња