„Доколку сега поради политички мотиви нас нѐ лишат од тоа, ние ќе изведеме сопствени заклучоци, поаѓајќи од можностите со кои располагаме“, истакна Рјабков, пренесува „Лента.ру“.
Тој потенцираше дека „американските колеги не треба да сметаат дека ние едноставно ќе заборавиме и во иднина, кога одеднаш ќе посакаат нешто слично да набљудуваат кај нас, ние нема да се сетиме на тоа како тие постапија во наведената ситуација и какви неприфатливи изјави се слушнаа од високите претставници и преку одговорните микрофони“.
Рјабков исто така истакна дека Русија ги задржува претензиите од фундаментален карактер спрема мисијата на Бирото за демократски институти и човекови права на ОБСЕ. Во врска со тоа Москва „е слободна и има право самостојно да реши дали ќе влеземе во мисијата“, рече тој.
Истовремено ополномоштениот на МНР Русија за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов смета дека таквите изјави од страна на САД се „обид да се избегне објективно набљудување на изборите“. „Односно, може да се сомневаме барем дека властите на САД сакаат да избегнат било каков мониторинг“, изјави Долгов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче