„Ако тие (Сирија и Русија) уништат поголем дел од Алепо за да го заземат, што ќе се добие со тоа? Ќе го смени односот на луѓето кои се принудени да бегаат или кои се радикализираат? Не. Тие ќе се обидуваат да се одмаздат. А уште помалку ќе сакаат да седнат на преговарачка маса, зацврстувајќи ја позицијата во однос на потенцијалот на преговорите“, изјави Кери на прес-конференцијата по разговорите со министерот за надворешни работи на Јужна Кореја Јун Бенс и министерот за одбрана Хан Мин Ку.
„Ако Русија и Асад успеат во битката за Алепо, фундаменталната динамика на оваа војна нема да се промени. Ако не можете да имате политичко решение, не можете да имате мир“, смета Кери, пренесува „Взгљад“.
Кери изјави и дека нема некои особени очекувања во врска со почнатите консултации за Сирија во Женева.
„Би го кажал следново: не му пристапувам на тоа со огромни очекувања. И ништо не е засновано на доверба“, рече шефот на американската дипломатија, коментирајќи ги средбите на воените експерти на Русија и САД.
Според него, во Женева меѓу Русија и САД во суштина се случува „пазарење“, страните се објаснуваат кои чекори се подготвени да ги преземат реално и под какви услови.
„И ако и двајцата дејствувате истовремено за да го постигнете истото, веројатно е нешто и да успеете да постигнете“, истакна државниот секретар на САД.
Сепак, тврди тој, „секоја бомба фрлена од Русија и режимот на Асад води кон радикализација на сѐ поголем број луѓе“ во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче