Руските Воздушно-космички сили и ВВС Сирија предвремено ги прекинуваат воздушните удари заради воведување хуманитарна пауза во Алепо, соопшти во вторникот министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Шојгу.
„Денес од 10 часот се прекинуваат ударите на авијацијата на ВКС Русија и ВВС Сирија во реонот на Алепо. Предвремениот прекин на воздушните удари е неопходен за воведување хуманитарна пауза на 20 октомври“, изјави Шојгу преку видеоконференциска врска, пренесува „Интерфакс“.
Претходно началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС РФ Сергеј Рудској соопшти дека на 20 октомври од 08:00 до 16:00 часот во реонот на Алепо ќе биде воведена хуманитарна пауза. Во тој период ВКС РФ и сириските сили ќе ги прекинат ударите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче