Путин: Економијата се стабилизираше, целта е одржлив раст

Владата на Русија успеа да ја стабилизира економијата на земјата, но целта на економската политика што се спроведува е постигнување одржливо темпо на раст, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

„Сега успеавме да ја стабилизираме економијата, но нашата цел е, се разбира, пошироко и повеќе – да постигнеме одржливо темпо на раст. Затоа треба да најдеме нови инструменти и да ја засилиме ефикасноста на мерките за поддршка“, изјави Путин говорејќи на конгресот на „Деловна Русија“ во вторникот, пренесува РИА „Новости“.

„Во врска со тоа предлагам детално да се разгледа како да се гарантира механизмот за поддршка на извозот, да се зголеми пристапноста до кредитните ресурси, да се изградат односите меѓу приватниот бизнис и државните компании“, додаде шефот на руската држава.

Тој исто така ги повика органите на власта да ги прошират дијалогот и заемната соработка со претприемачите. „Тоа се однесува, се разбира, и на органите на редот“, нагласи Путин.

„Важно е ние (државата и здруженијата на претприемачите) имаме заедничко сфаќање околу тоа што се тоа национални приоритети и заеднички пристап. А пристапот е следниов: да му се даде на бизнисот максимална слобода. Тоа е најдобриот одговор на секакво надворешно ограничување и пат без алтернатива за благосостојбата на нашите сонародници“, додаде рускиот претседател, пренесува „ТВ Дожд“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња