Патрушев:САД преговарајќи со РФ купуваа време за регрупирање на милитантите

САД со преговорите со Русија купуваа време потребно за терористите да се регрупираат во Сирија и сега сѐ повеќе групации се спојуваат со „Ан Нусра“, изјави секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев.

„Се сеќаваме како на 17 септември Американците наводно по грешка, како што потоа зборуваа, ги нападнаа сириските владини трупи опколени од ИДИЛ кај Деир ез Зор. Преговорите кои траеја во тоа време речиси секојдневно беа искористени од Вашингтон за купување на времето кое беше потребно за да се регрупираат милитантите. Денес го гледаме резултатот: сѐ повеќе и повеќе групи на сириска територија со кои работеа  САД се спојуваат со „Џебхат ан Нусра“, изјави секретарот на Советот за безбедност на РФ, пренесува „Взгљад“.

„Сепак, и покрај сите руско-американски договори за ова прашање, Вашингтон покажа неспособност, а можеби и несакање за реализација на  многуте ветувања што ни ги даде. За разлика од Москва, американската страна не ги исполнува своите обврски“, рече тој.

Патрушев појасни дека последните примери се доказ за тоа. Така, според него, без оглед на тоа што владата на Сирија ги повлече своите војници од патот „Кастело“, поддржаните од САД групи на „умерената опозиција“ не само што не презедоа слични чекори, туку и не ги пропуштаат хуманитарните конвои на ООН.

Тој истакна дека „САД подвлекоа линија под својата политика на „двојни стандарди “ кога буквално пред неколку дена најави напуштање на дијалогот со Русија за сириската проблематика“.

„Значителна закана претставува групата „Џебхат ан Нусра“... Преименувањето во „Џебхат Фатех ан Шам“ не ја претвори во „умерена опозиција “. Неазвисно од тоа како се нарекува вооружената група, ако таа користи терористички методи, нејзе не ѝ е местото на преговарачката маса - таа мора да биде уништена. Клучен проблем на патот на за елиминацијата на „Џебхат ан Нусра“ е потребата да се одвои од неа тнр. умерена опозиција“, изјави тој.

„Истовремено ние не губиме надеж дека сѐ уште има конструктивно гледиште во Вашингтон. Подготвени сме по линија на воените ресори да ги разгледаме можните дополнителни мерки за нормализирање на ситуацијата во Алепо. Тероризмот никогаш не ги признаваше државните граници. Тоа што се случува денес во Сирија, Ирак, Либија, Јемен и во Авганистан, утре може да се повтори во други земји“, рече Патрушев.

Претходно постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин изјави дека милитантите на терористичката група „Џебхат ан Нусра“ при нивното одвојување од умерената опозиција или ќе бидат уништени или ќе мора да избегаат од источен Алепо.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња