Почна самитот на БРИКС

Во Гоа, Индија, почна осмиот самит на БРИКС.

Осмиот самит на БРИКС беше официјално отворен во индиската држава Гоа со церемонија на заедничко фотографирање на лидерите на земјите на сојузот.

Формално лидерите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР) ја одржаа првата средба уште во саботата на неформалната вечера.

Веднаш по фотографирањето ќе почнат официјалните настани на самитот. Лидерите ќе имаат средба во потесен круг, ќе се сретнат со претставниците на Деловниот совет на БРИКС, ќе одржат пленарна седница со учество на националните делегации, по што ќе следи потпишување на заеднички документи.

Покрај декларацијата од Гоа, ќе биде потпишан и план на активности кој ќе го определи приоритетот на соработката за блиска иднина, како и други важни документи во сферата на економската, финансиската и хуманитарната соработка, пишува РИА „Новости“.

Вечерва лидерите на БРИКС ќе се сретнат со претставници на земјите од регионалното здружение БИМСТЕК (BIMSTEC – Иницијатива на Бенгалскиот залив за мултисекторална техничка и економска соработка). Покрај Индија, во здружението влегуваат и Бангладеш, Бутан, Мијанмар, Непал, Шри Ланка и Тајланд.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња