Лидерите на двете земји ги почнаа преговорите во потесен состав, потоа продолжија со учество на делегациите на двете земји и на крај потпишаа низа заеднички документи, изјави во саботата портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува „Интерфакс“.
Претседателот Путин и премиерот Моди во Гоа преку видеоконференциска врска учествуваа и во пуштањето во работа на вториот енергетски блок на АЕЦ „Куданкулам“ и во церемонијата на полагање камен-темелници за третиот и четвртиот блок во индиската држава Тамилнаду.
Москва и Делхи потпишаа договор за испорака на Индија на ракетните системи С-400, меѓувладин договор за изградба на бродови од Проектот 1356 во Русија и Индија, договор за соработка во сферата на обезбедување на безбедноста во информатичко-комуникативните технологии, договор за формирање заедничко претпријатие за производство на хеликоптери КА-226Т, меморандум за разбирање меѓу „Роскосмос“ и Индиската организација за вселенски истражувања во однос на заемно распоредување површински станици за мерење за рускиот систем ГЛОНАСС и индиската сателитска групација НавИК, пренесува РИА „Новости“.
Во Гоа исто така ќе се одржи и самит на БРИКС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче