Медиум: Русија ќе ја почне инвазијата врз САД со заземање на Алјаска

Доколку Русија „се реши да ги нападне САД“, прво ќе ја заземе Алјаска, пишува таблоидот „Дејли Стар“, повикувајќи се на поранешен офицер на Воената морнарица кој тврди дека администрацијата на Обама ја претворила оваа држава во најнезаштитена територија, идеална за отпочнување на руски напад.

Доколку Русија се реши да ги нападне САД, прво ќе ја заземе Алјаска, пишува таблоидот „Дејли Стар“, повикувајќи се на неименуван поранешен старешина во американската Воена морнарица. Тој смета дека администрацијата на Обама ја претворила Алјаска во најнезаштитена територија, па затоа таа ќе биде идеалното место за евентуален руски напад.

„Русија се подготвува да ја освои Алјаска користејќи подморници“, тврди споменатото воено лице и додава:

 „Ние во морнарицата сме согласни дека Обама ја претвори Алјаска во незаштитена територија која ќе биде добра појдовна точка за спроведување операции во случај на Трета светска војна. Ние се наоѓаме на работ на упад, од Алјаска до Канада, и на крајот на краиштата, на целиот северозапад“, вели неименуваниот офицер.  

Освен тоа, тој изјави дека Русите се камуфлираат за во текот на конфликт од големи размери „да можат да ги пресечат телекомуникациските врски и да ги заземат важните мостови“. Други извори потврдуваат дека „руски војници во цивилно одело незабележително доаѓаат на Алјаска и живеат во запуштени мотели и воени бази“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња