Канцеларката на Германија Ангела Меркел има намера да се заложи за засилување на санкциите против Русија поради дејствијата на Москва во Сирија, соопштува „Франкфуртер Алгемајне Џајтунг“.
Ова прашање ќе се дискутира на заседанието на Европскиот совет кое е закажано за 20 и 21 октомври.
Се разгледува можноста за воведување санкции во сферата на производство на авиони и во сферите поврзани со одбранбената индустрија.
Весникот прецизира дека претседателот на САД Барак Обама е подготвен да ѝ даде поддршка на Меркел доколку земјите-членки на ЕУ постигнат заедничка согласност по повод новите мерки на ограничување против Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче