Русија почна „кампања за рушење на единството на Западот“, користејќи скриени економски и политички механизми, пишува „Њујорк Пост“ повикувајќи се на извештај на американскиот Центар за стратешки и меѓународни истражувања.
Авторите на извештајот „Сценариото на Кремљ: разбирање на руското влијание во Источна и Централна Европа“ се уверени дека Москва се обидува да ги привлече на своја страна пријателски расположените политичари од Бугарија, Унгарија, Латвија, Србија и Словачка, да ја преземе контролата над европскиот пазар на енергетски ресурси и да го поткопа антикорупциското законодавство на одделни држави.
„Во некои земји руското влијание стана толку продорно и распространето, што ја предизвикува нивната национална стабилност и прозападните вредности, а исто така претставува и закана за евроатлантската стабилност во целина“, се вели во документот.
Русија планира да го прошири своето присуство во Европа преку реализација на неколку крупни економски проекти. Москва веќе успеа да добие договор во износ од 12 милијарди евра за изградба на два нуклеарни реактора во Унгарија. Исто така, според мислењето на авторите на извештајот, особено ранлива за руското економско влијание е Бугарија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче