Гутереш: Русија и САД се клучни земји во светот и треба да се зближат

Запрашан дали ќе биде во можност, како генерален секретар на ОН, да ги мобилизира Москва и Вашингтон, Гутереш изјави: „Ќе направам сѐ што е во моја моќ“.

Новоизбраниот генерален секретар на ООН Антонио Гутереш ги смета Русија и САД за главни земји во моментов во светот и е подготвен да работи на нивно зближување. Ова тој го изјави во интервју за РИА „Новости“ по неговото назначување во четвртокот.

Новиот, деветти по ред генерален секретар на ООН, треба да стапи на должноста на 1 јануари 2017 година.

„Ќе ми биде драго да направам сѐ што е можно за одржување и зголемување на довербата меѓу земјите-членки во целина. Се разбира, САД и Русија се апсолутно главни земји во светот денес. Бев многу задоволен да напоменам дека преговорите за Сирија ќе почнат повторно. Јас секогаш ќе ги поттикнувам овие две земји, како и другите, да се сплотат. Апсолутно сум убеден дека ако овие две земји се зближат, тие ќе имаат одлична можност да ги мобилизираат другите и да ги убедат дека постојните разлики можат да се надминат“, изјави Гутереш.

Запрашан дали ќе биде во можност, како генерален секретар на ОН, да ги мобилизира Москва и Вашингтон, Гутереш изјави: „Ќе направам сѐ што е во моја моќ“.

Тој потенцира дека како главен функционер на ООН, генералниот секретар е одговорен за ефикасна работа на организацијата, одговори на потребите на луѓето и дека може да ги понуди своите услуги за посредување. “И тоа е она што јас ќе се обидам да го направам“, истакна Гутереш.

                                                                                                   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња