„Министерот за надворешни работи Жан-Марк Еро денеска одржа телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров. Тој ја потврди подготвеноста на Франција да го продолжи искрениот дијалог со Русија“, изјави Надал, пренесува „Взгљад“.
Во текот на разговорот министрите размениле мислења за ситуацијата во Сирија. „Жан-Марк Еро ја истакна неопходноста од излегување од настанатиот ќорсокак и постигнување прекин на бомбардирањето на Алепо за да се реализира испорака на хуманитарна помош и да се овозможи обнова на преговорите за политичко решение“, соопшти портпаролот на МНР Франција.
Тој истакна дека страните исто така дискутирале и за ситуацијата во Украина.
Претходно во вторникот беше соопштено дека Москва го известила раководството на Франција за одложување на посетата на претседателот на Русија Владимир Путин на Париз. Потоа Кремљ соопшти дека Путин ја откажал посетата на Париз планирана за 19 октомври.
Како што соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, Путин решил да ја откаже посетата на Париз поради настаните кои „испаднаа од програмата“.
Претседателот на Франција Франсоа Оланд беше подложен на критика од страна на француската опозиција поради откажувањето на посетата на Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче