Во четвртиот квартал од оваа година ќе се зголеми ризикот од воена конфронтација меѓу Москва и Вашингтон во Сирија, сметаат аналитичарите на американската приватна разузнавачко-аналитичка компанија „Стратфор“.
Според експертите, до крајот на годината САД ќе се фокусираат на напади врз позициите на „Исламската држава“ во Мосул (северен Ирак) и Рака (северна Сирија). Според предвидувањата, соработката меѓу Вашингтон и Москва директно на бојното поле ќе биде минимална, бидејќи и двете страни сега се помалку заинтересирани за деескалација на кризата во Сирија преку дипломатски средства.
Русија ќе се придржува до воената тактика, откажувајќи се од „дипломатски спорови“, додека американската страна не е подготвена за „конструктивно ценкање“ поради претстојниот истек на мандатот на актуелниот претседател Барак Обама, тврдат аналитичарите.
„Во четвртиот квартал потенцијалот за судир (меѓу Русија и САД) ќе се зголеми, имајќи предвид дека Вашингтон ги засилува сунитските бунтовници во Сирија и ја лишува од приоритетност политиката на дијалог со Москва“, се истакнува во прогнозата на компанијата.
Во исто време на ситуацијата влијаат и други регионални фактори, додаваат аналитичарите. Ситуацијата ја усложнува присуството на боиштата на турските сили кои ќе напредуваат на југот на Сирија под американска закрила, за да ги намалат ризиците од судир со Русија. Во исто време, сојузниците на Вашингтон во земјите од Персискиот залив играат своја игра против Иран: тие ќе се обидат да играат на противречностите меѓу Русија и САД и да ги зајакнат позициите на своите сунитски сателити.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче