Блогерот кој се претставува како аналитичар на американскиот воен ресор Дејвид Џуберг изјави дека Пентагон може да ја уништи Русија за 20 дена, по што со земјата ќе управува НАТО. Џуберг го изјави ова во интервју за украинскиот портал „Газета.уа“. Оваа вест денеска беше цитирана повеќепати во сите руски медиуми.
Иако на страницата на Дејвид Џуберг на „Фејсбук“ и на украинскиот портал се наведува дека тој е офицер на американската војска и потомок на советски емигранти, оваа информација не е сигурна и корисниците на интернетот често изнесуваа сомневања по тој повод. Не е потврдено дека Џуберг е навистина соработник на Пентагон. Голем број руски медиуми оценуваат дека се работи за намерна провокација на украинските медиуми.
Според мислењето на Џуберг, како што се наведува во интервјуто, Русија ќе ги истрела своите нуклеарни ракети. Меѓутоа, ќе се покаже дека само половина од нив делуваат. Американските стелт-бомбардери ќе ги уништат сите фабрики и воени објекти во РФ, а потоа импулс од електромагнетни беспилотни летала ќе ја исклучат електрониката во големите градови во Русија, пишува украинскиот портал.
Познатиот руски блогер и публицист по потекло од Украина Александар Роџерс на следниов начин го коментираше овој став на „аналитичарот“: „Особено ми се допадна изјавата на „експертот“ за тоа дека САД се подготвени да соборат половина од своите нуклеарни ракети кои ќе ги истрела Русија. Тоа значи дека околу 1500 ракети сепак ќе ја погодат целта? Размислете и самите што би можеле да направат од територијата на САД само 1500 нуклеарни експлозии? Ситница, нема потреба за грижа“.
„Русија ќе капитулира за 10 до 20 дена по почетокот на конфликтот. А потоа со земјата ќе управува НАТО“, смета наводниот аналитичар на Пентагон.
Уште во есента минатата година Џуберг напиша пост на оваа тема на својата страница на „Фејсбук“ со графикон кој го покажува односот на силите на Русија и НАТО.
„Во Пентагон, каде што сега работам, постојат разработени планови за војна со сите земји во светот, но подетални планови за војна се изработуваат за нестабилни и агресивни режими. Потенцијалната војна со Русија нема да биде слична на војната со Ирак во 2003 година. Иако Русија има армија со речиси иста големина и исто ниво на технолошки развој. Само Ирак имаше дисциплинирана и искусна војска. И во неа немаше пијанство и кражби“, напиша Џуберг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче