Русија се подготвува да ѝ предаде на Сирија системи „Панцир”

Се работи за најмалку 10 противвоздушни ракетно-топовски системи „Панцир”. Договорот беше склучен пред неколку години, но поради финансиски причини беше реализиран само делумно.

Руските власти ја разгледуваат можноста да испратат во Сирија партија противвоздушни ракетно-топовски системи „Панцир“. Договорот беше склучен пред неколку години, но поради финансиски причини беше реализиран само делумно, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на добро упатен извор во воено-дипломатските кругови.

„Станува збор за испраќање во Сирија системи кои се наоѓаат во магацините од 2013 година и чекаат нарачателот да ги исполни сите финансиски обврски предвидени со договорот. Сега се планира системите да бидат доведени во целосна техничка подготвеност и подготвени за транспорт“, изјави соговорникот на весникот.

Изворот додаде дека се работи за најмалку 10 „Панцири“, не сакајќи да го открие нивниот точен број. Покрај тоа, заедно со „Панцирите“, во Сирија ќе бидат испратени командни пунктови и дополнителни радарски станици.

Договорот за испорака на „Панцирите“ на Сирија беше потпишан уште во 2008 година, потсетува весникот. Иако не се откриваат конкретни податоци, според различни проценки, се работи за набавка на 36 до 50 противаавионски системи и најмалку 700 ракети за сума од околу 730 милиони долари. Последната партија со „Панцир“ му беше предаден на Дамаск во 2013 година.

Најновиот систем во Сирија досега собори најмалку еден извиднички авиони RF-4 Phantom-2 на турските воздухопловни сили во 2012 година и неколку крстосувачки ракети истрелани од Израел во текот на ракетниот блицкриг зимата 2014 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња