„Во услови на пад на цените на нафтата повеќе од двојно многумина зборуваа дека ерата на јаглеводородите оди кон својот залез, дека уште сега ќе треба целосно да се преориентираме на алтернативни извори на енергија. Мислам дека реални причини за такви далекусежни заклучоци засега нема. Во секој случај, засега“, изјави Путин, говорејќи на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул, пренесува РИА „Новости“.
Тој истакна дека високите цени на нафтата кои се држеа на пазарот последнава деценија, предизвикаа невиден прилив на инвестиции во овој сектор, што доведе до зголемена продукција и остар пад на цените.
Рускиот претседател исто така потсети на прогнозите на Меѓународната агенција за енергетика. „По 20-30 години светот сѐ уште ќе остане јаглеводороден. А побарувачката на нафта и понатаму ќе продолжи да расте“, рече Путин.
Така, до 2040 година уделот на нафтата во потрошувачката на енергетски ресурси во светот ќе изнесува 26%, а на гасот - 24%.
Покрај тоа, Путин изјави дека Москва ја поддржува иницијативата на ОПЕК за фиксирање на лимитите за производство на нафта и изрази надеж дека оваа мерка ќе даде „позитивен сигнал на пазарите и инвеститорите“.
Светскиот енергетски конгрес се одржува во Истанбул од 9 до 13 октомври. Се очекува дека земјите-учеснички на форумот на поединечни средби и преговори ќе разговараат за ситуацијата со цените на нафтата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче