Само четири членки на Советот за безбедност на ОН ја поддржаа резолуцијата на Русија со цел поддршка на планот на специјалниот пратеник Стафан де Мистура и договорот со САД за Сирија од 9 септември.
„Предлогот не е усвоен затоа што не доби доволен број гласови“, изјави постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин“, пренесува „Взгљад”.
Документ доби четири гласа со поддршка, две членки беа воздржани, додека девет гласаа против.
Русија во саботата исто така стави вето на предлог-резолуцијата која беше поднесена од Франција и Шпанија за воведување режим на прекин на огнот во Алепо. Министерството за надворешни работи на Русија појасни дека овој предлог го спречува меѓусирискиот дијалог и целата одговорност за дестабилизацијата на ситуацијата во Сирија ја префрла само врз Дамаск.
МНР РФ објасни дека во францускиот предлог има низа неприфатливи ставови. Помеѓу другото, документот „премногу ја исполитизира целата хуманитарна сфера и има за цел да изврши дополнителен притисок врз владата во Сирија и, со самото тоа, врз Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче