Русија во Советот за безбедност на ООН стави вето на предлог-резолуцијата за Сирија што ја поднесе Франција.
„За“ предлог-резолуцијата се изјаснија 11 земји-членки на СБ ООН, две беа „против“, а две земји беа воздржани.
Постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин пред гласањето изјави дека ни руската, ни француската предлог-резолуција за Сирија нема да бидат усвоени во СБ ООН.
„Денеска со вас учествуваме во една од најчудните мизансцени во историјата на Советот за безбедност на ООН. Ни претстои гласање за две предлог-резолуции на Советот и сите прекрасно знаеме дека ниту една нема да биде прифатена“, изјави Чуркин на седницата на СБ ООН за Сирија.
Тој потенцираше дека „такво трошење на времето е недозволиво“.
„Во сите години на сириската криза делегацијата на Франција во Советот за безбедност на ООН не предложи ништо конструктивно. Нејзините ретки иницијативи јасно беа пресметани да имаат пропагандистички ефект и беа осудени на пропаст. Така се случи и овојпат“, истакна Чуркин на седницата, пренесува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче