Штајнмаер ги предупредува Русија и САД на опасноста од нов судир

Затегнатоста се заканува да прерасне во нов конфликт на суперсилите, а ситуацијата е многу поопасна отколку во текот на Студената војна, бидејќи во тоа време се знаеја и почитуваа „црвените линии“, изјави шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер.

Порастот на тензиите меѓу Москва и Вашингтон се заканува да прерасне во „нов конфликт на суперсилите“, а сегашната ситуација е многу поопасна отколку во текот на Студената војна, бидејќи претходно и САД и Русија знаеја „каде е црвената линија, и ја почитуваа“, рече министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер.

„Степенот на затегнатост меѓу Русија и САД продолжува да расте. Се чини дека преостанатата доверба е исцрпена. Ако така продолжи ние ќе се вратиме во времето на конфронтација меѓу двете суперсили“, изјави тој пренесува „Взгљад“.

Моменталната ситуација не може да се спореди со Студената војна, додаде дипломатот. „Нашето време е различно, стана поопасно. Претходно светот беше поделен на два блока, но Москва и Вашингтон знаеја каде е црвената линија ја почитуваа“.

Раководителот на Конференцијата за безбедност во Минхен Волфганг Ишингер, исто така, предупреди на заострување на ситуацијата.

„Опасноста од воена конфронтација е многу голема, што не беше случај претходните неколку децении, а довербата меѓу Западот и Истокот никогаш не била на толку ниско ниво“, рече Ишингер.

Тој додаде дека Москва го користи „преодниот предизборен период“ во Вашингтон за да ги „уништи последните остатоци од американското присуството во светот“.

Ополномоштениот на Бундестагот за односи со Русија Гернот Ерлер рече дека новите санкции против Русија „нема да бидат од полза“. „Останува само да се влијае на Русија во директен дијалог“, заклучи тој.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња