МНР РФ за изјавите на Кери: Кој си ја има мувата на капата

Од МНР РФ го коментираа зборовите на државниот секретар на САД Џон Кери, кој ја обвини Русија за „воени злосторства“ во Сирија.

Ополномоштениот на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов, коментирајќи ги зборовите на државниот секретар на САД Џон Кери, кој ја обвини Русија за „воени злосторства“ во Сирија, го потсети за стотиците илјади жртви во Југославија, Авганистан и Ирак.

Стејт департментот по изјавата на Кери соопшти дека Кери официјално не ја обвинувал Москва за воени злосторства, туку само инсистирал на истрага, пренесува РИА „Новости“.

„Кери лицемерно ја обвинува РФ за воени злосторства во Сирија. А кој ќе одговори за стотиците илјади убиени цивили во Југославија, Авганистан, Ирак, Либија и истата Сирија?“, напиша Долгов на „Твитер“.

Покрај тоа, тој ги потсети САД за воениот затвор во Гвантанамо, кој американскиот претседател вети дека ќе го затвори.

„За оние кои го учат рускиот јазик во администрацијата на Обама: кој си ја има мувата на капата. За срамот на Гвантанамо воопшто и не треба да се каже. Нели Обама вети дека ќе го затвори“, додаде Долгов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња