Кери ја обвини Русија за воени злосторства во Сирија

Државниот секретар на САД Џон Кери ги обвини Русија и Сирија за воени злосторства.

Државниот секретар на САД Џон Кери побара да се истражат активностите на Москва и Сирија како воени злосторства, соопштува агенцијата „Асошиејтед Прес“. Ова тој го изјави во Вашингтон пред средбата со шефот на француската дипломатија Жан-Марк Ејро.

„Русија и режимот (сириски) треба едноставно да му објаснат на светот зошто продолжуваат да бомбардираат болници и здравствени установи, жени и деца“, изјави Кери.

Државниот секретар на САД ги обвини властите на Сирија за нападот врз болница во која, според него, загинаа 20 лица, а 100 беа ранети.

Таквите постапки „бараат соодветна истрага како воени злосторства“, изјави Кери.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња