Владата на Германија ја разгледува можноста за воведување нови антируски санкции, пишува „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на извор, запознаен со текот на дискусиите. Рестрикциите, како што тврди изданието, треба да станат одговор на политиката што Москва ја спроведува во Сирија.
Според информациите на соговорникот на весникот, во моментов дијалогот за воведување нови мерки на ограничување од економска природа се наоѓа во рана фаза. Засега е нејасно, истакнува изданието, дали иницијативата ќе биде поддржана од социјал-демократите – партнерите на Христијанско-демократскиот сојуз на канцеларката Ангела Меркел во владината коалиција.
Во средата на портпаролот на МНР Германија му беше поставено прашање за санкциите против Русија, на што дипломатот одговори: „Во моментов не знам никого, ниту во Берлин, ниту на кое било друго место, кој дал таков предлог“, пишува изданието.
Меѓутоа, како што изјави во интервју за порталот ZDFheute.de ополномоштениот за германско-руска соработка Гернот Ерлер, веќе има првични размислувања на таа тема. Притоа функционерот истакна дека „политиката на санкции во онаа форма каква што имаше во украинскиот конфликт, не инспирира повторно да се искористи тоа средство“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче