Русите се загрижени за санкциите

Учесници во протестниот марш „Ние сме обединети“ во Москва на Денот на националното единство

Учесници во протестниот марш „Ние сме обединети“ во Москва на Денот на националното единство

Евгениј Бијатов / РИА „Новости“
Граѓаните на Русија во испитување на јавното мислење на невладината организација „Левада-центар“ го изнесоа своето видување за санкциите што за нивната земја беа воведени од страна на западните земји.

Невладината организација „Левада-центар“ во периодот од 5 до 8 август спроведе анкета во која граѓаните на Русија ги обележаа понудените одговори на прашањата поврзани за западните санкции и за возвратните мерки на Русија.

Обид за изолација

Обидот на Западот да ја изолира Русија поради ставот на Москва во врска со настаните во Украина ги загрижува 78% од граѓаните на РФ, со тоа што 40% од граѓаните се „мошне загрижени“. Оваа тема воопшто не го вознемирува секој петти испитаник (20%). Споменатите показатели во анкетите на НВО „Левада-центар“ не се сменети во изминативе две години. Имено, во 2015 година, според анкетата на споменатата НВО, обидите за изолација ги загрижува 78%, а не беа загрижени 18% од населението на Русија, додека во 2014 година нивниот сооднос беше 80 наспрема 16%.

Санкциите

Политичките и економските санкции што земјите од Западот ги воведоа на Руската Федерација ги загрижува 77% од испитаниците, а од нив 39% се „мошне загрижени“. За ова не се грижат 21% од испитаниците. Овие показатели во 2015 година според анкетата НВО „Левада-центар“ изнесуваа 78% и 19%, а во 2014 година 79% и 18%.

Дека санкциите од западот влијаеја на економската ситуација во Русија, сметаат 72% од граѓаните, а од нив 29% сметаат дека ситуацијата е во голема мера влошеа, додека 20% сметаа дека санкциите воопшто не се одразиле на руската економија.

Возвратни санкции

Повеќето од половината граѓани на Русија (58%) сметаат дека „политиката на забрана на увоз на прехранбени производи од Европа и од САД е ефикасна и веќе носи позитивни политички резултати, зашто Русија сега ужива поголема почит во светот и нејзините интереси се земаат предвид. И обратно, 23% од испитаниците се определиле за понудениот одговор дека ваквата политика е „бесмислена, апсурдна и штетна, и пред сè нанесува штета на населението на Русија“. 19% од испитаниците не се определило за ниту еден од двата понудени одговори.

Да се продолжи со сегашната политика

70% од анкетираните граѓани сметаат дека Русија и понатаму треба да презема возвратни мерки кон западните земји кои ѝ имаат воведено санкции. Ваквиот став во анкетите на НВО „Левада-центар“ од 2014 и 2015 година имале 68% од испитаниците. Секој петти (21%) е уверен дека треба да се бараат компромиси и да се прават отстапки со цел земјата да се ослободи од санкциите (во 2015 година вака мислеа 20%, а во 2014 година 22% од населението).

Да се трпи во име на повисоки цели

Резултатите од анкетата ја одразуваат сегашната состојба на руското општество, смета социологот на „Левада-центарот“ Наталија Зоркаја, која во оваа невладина организација раководи со социјално-политичките истражувања. „По соединувањето на Крим со Русија поголемиот дел од граѓаните себеси се асоцира со државата и подготвени се да ги трпат санкциите и обидите за изолација поради идејата за 'голема сила' од која сите на светот се плашат“, сметаат претставничката на невладината организација.

Таа смета дека за граѓаните на Русија е карактеристичното неповрзување на проблемите од секојдневниот живот со политиката. Тие се свесни дека санкциите и обидите за изолација нанесуваат штета, но истовремено се радуваат на контрасанкциите и ја поддржуваат актуелната надворешна политика. Тоа е состојба на разделени слоеви на свеста“, убедена е Зоркаја.

За разлика од неа, Михаил Черниш и Институтот за социологија на Руската академија за наука го дава следново објаснување на ситуацијата: „Не гледам никакви противречности во резултатите од анкетата. Санкциите и обидите за изолација ги вознемируваат граѓаните, ни вознемиреноста не поразбира откажување од нешто“. Според мислењето на рускиот социолог, огромно мнозинство на жителите на Русија смета дека сите се виновни, а не само Русија и дека поради тоа Русија треба да продолжи со својата политика.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња