На снимката од телевизиската дебата се гледа како претставникот на прозападно ориентираната партија Ираклиј Глонти го обвинува својот противник за проруска позиција. Како одговор на тоа Аглаѕе фрли чаша вода кон Глонти. Прозападниот политичар одговори на истиот начин. Потоа ривалите се степаа, а вработените во телевизијата мораа да се вмешаат за да ја прекинат тепачката, пренесува „Взгљад“.
Минатата недела предизборната дебата на кандидатите за грузискиот парламент Вепхија Гургенишвили и Полад Халиков исто така заврши со тепачка.
За парламентот на Грузија треба да бидат избрани 150 пратеници: 73 – по мнозински систем, 77 – по пропорционален, од партиските листи. Изборите треба да се одржат на 8 октомври.
Видеото од настанот можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче