„И ако терористите на теренот, во Сирија, сфатат дека САД се навистина веќе загрижени поради тоа што умерените стануваат неумерени, тие тоа нема да им го простат. И, веројатно, Вашингтон веќе почнува да го сфаќа тоа и да се плаши“, истакна таа во интервју за „Комсомолскаја правда“.
„Тоа што тие сега го играат, и тоа што сега го прават во Советот за безбедност, го изведуваат тоа шоу, што флертуваат со „ан-Нусра“, што ги играат тие игри под наслов „умерена опозиција, неумерена, ќе ги повлечеме, ќе ги раздвоиме, нема да ги раздвоиме“, за жал, сето тоа ќе заврши лошо“, додаде дипломатот.
Според неа, Москва „прекрасно ги памети флертувањата на Вашингтон со оние криминалци, со оние монструми кои беа на Северен Кавказ“.
„И тоа беа најдобри пријатели, и тоа беа гласници на слободата, и тоа беа луѓе кои им се спротивставуваат на режимите, кои се борат за независност итн. Фала му на Бога што сепак се свестија и тие флертувања завршија. Но зошто да се повторува одново истиот модел?“, истакна Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче