Кремљ: Тонот на изјавите на Велика Британија и САД за Сирија е неприфатлив

Забележуваме генерално неприфатлив тон на реторика на официјалните претставници на Велика Британија и САД, забележуваме дека таквата реторика може да му нанесе сериозна штета на процесот за решавање на сириската криза и на нашите билатерални односи, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека САД и Велика Британија во коментарите за настаните во Сирија користат неприфатлива реторика, пренесува „Лента.ру“.

„Забележуваме генерално неприфатлив тон на реторика на официјалните претставници на Велика Британија и САД, забележуваме дека таквата реторика може да му нанесе сериозна штета на процесот за решавање на сириската криза и на нашите билатерални односи“, изјави Песков.

Зборовите на портпаролот на Кремљ претставуваат одговор на изјавите на постојаниот пратеник на САД во ОН Саманта Пауер, која ги нарече дејствијата на Русија во Сирија „варварство“. Притоа таа не прецизираше на што конкретно мисли.

Песков претходно, коментирајќи ја ситуацијата во Сирија, рече дека „засега нема разграничување на умерената опозиција од терористичките организации“. Според него, режимот на прекин на огнот е неефикасен. Москва истовремено не губи надеж и ќе вложува максимални напори за да се најдат одржливи решенија на ситуацијата во Сирија, изјави тој.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња