Медведев го потсети Обама за руската „парампарче“ економија

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев напиша статија за состојбата на руската економија.

Премиерот на Русија во својата статија „Социјално-економскиот развој на Русија: добивање нова динамика“ за магазинот „Прашања на економијата“ потсети на изјавата на претседателот на САД Барак Обама дека економијата на Русија е во „парампарче“.

„На крајот на 2014 година ни предвидуваа катастрофа, а еден познат политичар тврдеше дека руската економија ќе биде направена „парампарче“. Ни прорекоа неконтролирана фискална криза, запаѓање во инфлациската спирала и пролонгиран пад на рубљата, долг и длабок пад на производството, пораст на невработеноста. Воопшто, катастрофално сценарио“, пишува Медведев.

Наведеното сценарио не беше реализирано благодарение на систематската работа на владата, претпоставува премиерот.

„Ние го зачувавме темелот за осигурување на макроекономската стабилност. Буџетот, макар и не без загуби, се справува со оние тешки предизвици кои ни ги задава надворешноекономската конјунктура“, се вели во статијата.

Медведев исто така истакнува дека во Русија има „веќе сосем поинаков економски модел“ – уделот на буџетскиот прилив кој не е поврзан со нафтата и гасот, изнесува речиси 60 проценти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња