Бајден ја предупредува Украина дека ЕУ може да ги укине санкциите против РФ

Потпретседателот на САД Џо Бајден изјави дека може да се случи ЕУ да ги укине антируските санкции.

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден ги предупреди украинските власти за неопходноста од исполнување на ветените економски и политички реформи – во спротивен случај Киев, според него, може да стане сведок на укинувањето на европските санкции против Русија, соопштува агенцијата „Ројтерс“.

„Ние знаеме дека ако тие ѝ дадат повод на ЕУ, сега има, најмалку пет земји, кои сакаат да кажат „Сакаме да излеземе“ од санкциите против Москва“, изјави Бајден говорејќи во Советот за меѓународни односи (Council on Foreign Relations) во Њујорк. 

Потпретседателот на САД не прецизираше кои земји имено се залагаат за укинување на санкциите.

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ја коментираше изјавата на Бајден на својата „Фејсбук“ страница.

„Во превод тоа звучи вака: „Браќа Украинци! Треба уште да се трудите. Заборавете на смислата, не мислете на последиците. Вашата цел е продолжување на антируските санкции! Повторувајте си го ова трипати на ден и среќата на нашите деца ќе стане утеха за вашите“, напиша Захарова.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња