Иако западните земји се трудат да ги следат сите облици на „руска пропаганда“, тие практично ја изгубија од вид „балканската кампања“ на Москва, која покажа дека Западот има уште многу нешта да научи, пишува „Вашингтон Пост“.
Како што истакнува американскиот весник, Москва, за која информативните кампањи одамна станаа нешто вообичаено, во последните осум години дејствува на медиумскиот простор на балканските земји. Нејзината стратегија е во тоа да формира кај населението на тие земји слика за Русија како голема сила и моќен сојузник, истакнува весникот.
Пропагандната кампања на Русија на Балканот е во поголемиот дел ориентирана кон Србите и православните заедница. Клучните инструменти на информативната политика на Москва се телевизијата РТ и „Спутник Србија“, а нејзината идеја е сосем едноставна: на секој начин да ги потенцира посебните односи меѓу Русија и Словените кои живеат во регионот, пишува авторот на статијата.
Како прво, авторите на материјалот редовно се занимаваат со словенската историја и култура, истакнувајќи ја важната улога на Руската империја во судбината на балканските земји. Како второ, тие ја истакнуваат и антизападната реторика. Западните земји во руските медиуми исто така се претставуваат како неспособни да ја сфатат „словенската екслузивност“, пишува весникот,
Без сомнение, самиот факт дека Русија се обидува да ја ревитализира идејата за „словенско братство“ не е пропаганда. Но Москва не само што се обидува да воспостави дијалог со балканските земји, туку истовремено сака и да ги одвои од Западот. Притоа стратегијата на Русија дава и резултати.
САД и Европа би требало повеќе да посветат внимание на балканската информативна политика на Русија и од неа да ја научат лекцијата, пишува „Вашингтон Пост“. Затоа што, за разлика од Москва, западните лидери не успеаја да понудат убедлив концепт за единство на балканските земји и Европа. Затоа јавната поддршка за Европската унија во тие земји е во опаѓање, заклучува американскиот весник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче