Претходно Пауер изјави дека портпаролката на МНР „треба да се срами“ затоа што изјавила дека Вашингтон ги штити милитантите на терористичката група „Исламска држава“.
На својата страница на „Фејсбук“ Захарова ја советува Пауер да поразговара во Сирија не со милитантите на терористичката група „Џебхат ан-Нусра“ и не со умерената опозиција, за чија испорака на хуманитарна помош „толку се вознемирува Вашингтон“, туку со обичните граѓани. Според Захарова, тие луѓе живеат таму, „без оглед на тоа што речиси шест години над нивната земја се врши крвав експеримент со активно учество на Вашингтон“.
Захарова додава дека самата редовно разговара со Сиријците: и со претставниците на опозицијата од сириските градови, и со сирачињата кои доаѓаат во Русија на одмор и рехабилитација, и со новинарите. Исто така портпаролката на МНР РФ ветува дека самата ќе ги сноси сите трошоци за патувањето на Пауер.
„Согласете се. И не плашете се. Со мене никој нема да Ве допре. Единствено ако Вашите повторно „по грешка“ не погодат некаде. Потоа ќе имате на што да се сетите. И патем ќе дознаете што е тоа „срам“, заклучува Захарова.
Претходно Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авијацијата на меѓународната коалиција во саботата извршила четири напади врз сириската војска која се наоѓа опколена од „Исламската држава“. Во нападите загинаа 62 војници на сириската армија, а околу 100 се ранети. Пентагон изјави дека извршиле напад „ненамерно“ и дека нивна цел биле позициите на терористите, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче