Нападната руската амбасада во Киев

Синоќа непознати лица ја нападнаа со пиротехнички средства амбасадата на Русија во Киев, соопштуваат локалните медиуми.

Амбасадата на РФ во Киев потврди дека синоќа околу 20 непознати лица фрлиле на територијата на амбасадата чадна бомба и ја гаѓале зградата на амбасадата со пиротехнички средства.

Претходно медиумите пренесоа дека непознати лица ја нападнале руската амбасада во Киев со пиротехнички средства, меѓутоа не ја оштетиле зградата.

„Околу 1 часот по полноќ, непознати лица фрлија на територијата на амбасадата чадна бомба и ја гаѓаа зградата со огномети. Истрелите беа насочени директно кон зградата на дипломатската мисија. Среќна околност е што не настана пожар“, изјавија за РИА „Новости“ од амбасадата на РФ.

Од амбасадата прецизираа дека „напаѓачите беа околу 20 души“, а „локалната полиција не ги приведе“.

Извор во МНР РФ претходно истакна дека ако се потврди нападот, „ќе следи итна реакција“.

Покрај тоа, „Вести“ соопшти дека руската амбасада во Киев ги зајакнала мерките на безбедност по нападот.

Нападот се случува еден ден пред одржувањето на парламентарните избори во Русија. Руските државјани во странските земји можат да го искористат своето право на глас во амбасадите на Руската Федерација ширум светот.

Видеото од нападот можете да го погледнете овде.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња