„Почитувани граѓани на Русија! Во недела, 18 септември, ни претстои заедно да го избереме новиот состав на Државната Дума. Во многуте региони на земјата ќе се одржат избори за пратеници во законодавните собранија, раководители на извршната власт“, изјави шефот на руската држава, пренесува „Взгљад“.
„Изборната кампања завршува. За сите учесници во неа беа создадени еднакви услови за слободна и фер конкуренција со цел да го покажат својот став за различни прашања, да предложат начини за нивно решавање. А избирачите можеа објективно да проценат, да ги споредат програмите, целите и постигнувањата на партиите и кандидатите“, истакна Путин.
„Се разбира, клучниот настан се изборите за Државната Дума. Само од вас, граѓаните на Русија, зависи каков ќе биде парламентот. Убеден сум дека сите ние сме заинтересирани во Државната Дума да влезат достојни, компетентни, енергични и чесни луѓе способни да ја исполнат волјата на народот и да ја оправдаат неговата доверба. Да обезбедат стабилност, развој и национално помирување. Подготвени да бидат единствени во одбраната на интересите на Русија“, изјави Путин.
„Сметам на вашиот одговорен, балансиран граѓански став. Ве повикувам да излезете на гласачките места, да гласате, да го изразите својот став. Сигурен сум дека, без разлика до какви политички ставови се придржуваме, учеството во гласањето е граѓанска должност на секој од нас“, заклучува Путин.
Изборите за Државната дума во 2016 година ќе се одржат на 18 септември.
Видеото од обраќањето на претседателот на РФ Владимир Путин можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче