Информација за државјаните на РФ во РМ за парламентарните избори во Русија

Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола ги информира руските државјани во Република Македонија за можноста за остварување на нивното право на глас на територијата на Македонија.

По повод претстојните парламентарни избори за пратеници во Државната Дума на Руската Федерација, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола се огласи со следново соопштение:

„Според Федералниот закон бр. 20-ФЗ од 22 февруари 2014 година „За избори на пратеници на Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација“ и според Указот на Претседателот на Руската Федерација бр.291 од 17 јуни 2016 година „За распишување на изборите на пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација од новиот состав“, на 18 септември 2016 година (во недела) ќе се одржат изборите на пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација.

Со цел да се реализираат правата на руските државјани кои живеат во Република Македонија, поточно во општините кои спаѓаат во конзуларнoтo подрачје на Почесниот конзул на Русија во Битола (Битола, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп) имаат можност да учествуваат во предвремено гласање кое ќе се одржи на 17 септември (сабота) 2016 година од 8.00 до 20.00 часот на гласачкото место во просториите на Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола: ул.Маршал Тито, бр. 28, тел. 078/251-356.

Во ова гласачко место, своето избирачко право можат да го остварат и Русите кои имаат постојан престој во Македонија или се наоѓаат овде врз основа на приватна покана, во службена, работна или туристичка посета со важечки руски пасош“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња