Меркел: Европската унија се наоѓа во критична состојба

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека со работа треба да се покаже дека Европската унија може да биде подобра по прашањето за безбедноста, борбата против тероризмот и економскиот раст.

Европската унија е во критична состојба и во пракса мора да покаже дека е во состојба да се менува, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по пристигнувањето на неформалниот самит на ЕУ што се одржува денеска во Братислава.

„Ние сме во критична состојба. Со практична работа треба да покажеме дека можеме да бидеме подобри во однос на безбедноста, борбата против тероризмот, соработката во одбраната, економскиот раст и на пазарот на работна сила“, рече Ангела Меркел.

Од самитот во главниот град на Словачка, како што посочи таа, не треба да се очекува дека тие прашања ќе бидат решени. „Денеска ќе разгледуваме Братиславската декларација и, се надевам, ќе ја усогласиме. Сепак, не станува збор за тоа дека ќе се најде решение за сите проблеми на еден состанок“, предупреди таа, додавајќи дека „шефовите на држави и влади од Европската унија ќе ги разгледаат прашањата за миграцијата и борбата против причините за бегалската криза.

„На сето тоа ќе се работи до крајот на оваа година и на шеесетгодишнината од Римскиот договор во март 2017 година, и ние сакаме да се постигне конкретен напредок“, рече Меркел, пренесува агенцијата ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња