Фијон: Европа греши кога ја третира Русија како неразвиена земја

Русија може да биде опасна ако почувствува закана или ако спрема неа се однесуваат на несоодветен начин, изјави поранешниот француски премиер Франсоа Фијон.

„Мислам да стратешката грешка на Европа е тоа што ја сметаат Русија истовремено и за противник и за слабо развиена земја. Понижувањето на Русите, нивното туркање во екстремистички и националистички раце ќе се сврти против безбедноста на Европа“, изјави Франсоа Фијон, поранешен премиер на Франција во интервју за белгискиот портал DH.be.

Тој истакна дека Русија е „клучниот партнер на Европа“.

„Тоа е нестабилна земја која може да биде опасна ако почувствува закана или ако спрема неа не се однесуваат на соодветен начин“, нагласи францускиот политичар.

Фијон е за укинување на антируските санкции. Според него, мнозинството Французи исто така сакаат укинување на санкциите.

„Треба да се укинат санкциите против Русија што е можно поскоро. Тоа беше глупав потег. Санкциите немаат ни најмало влијание врз Русија во сферата на меѓународната политика, туку само ги влошија односите со неа. Санкциите истовремено ги упропастуваат како француските, така и другите европски фармери, затоа што сето тоа е единствен економски систем“, изјави Фијон во февруари.

Тој смета дека актуелниот француски претседател Франсоа Оланд не ја искористил шансата за нормализација на односите со Русија, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња