Министерството за одбрана на Русија по повод Денот на тенкистите објави видео во кое првпат можат да се видат борбените способности на најновиот руски тенк Т-14 „Армата”.
Прикажано е совладување на различни пречки на тенковски полигони, пренесува „Взгляд”.
На снимката можат да се видат и борбените можности на другите современи тенкови на Копнените сили на руската армија, кадри со движење и стрелање на тенковски единици во текот на маневрите „Исток 2007” (Восток-2007).
Видеото содржи бројни сцени со движење на тенковски колони и совладување на пречки во текот на маневри и на тенковски полигони, како и врвно управување и гаѓање од тенкот на меѓународното натпреварување „Тенковски биатлон”.
Државните испитувања на „Армата“ ќе бидат завршени следната година. Министерството за одбрана на Русија веќе склучи договор со „Уралвагонзавод“ за испорака на првата партија од преку 100 тенкови.
Видеото можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче