Русија заинтересирана за енергетски проекти во Грција

Унапредувањето на односите меѓу Русија и Турција овозможува развој на проектот за гасоводот „Турски тек“. Според вицепремиерот на руската влада Аркадиј Дворкович, еден крак од „Турски тек“ може да поминува низ Грција.

„Може да се констатира дека унапредувањето на соработката со нашите турски партнери дава можност за развој на Јужниот гасен коридор. Еден крак од „Турски тек“ во иднина може да оди од Турција во Грција, и понатаму со испорака на гас во другите европски земји и тоа е навистина многу важен проект за Грција“, изјави Дворкович на состанокот со премиерот на Грција Алексис Ципрас, пренесува ТАСС.

„Грција сака да стане еден од важните енергетски јазли за Европа. Пред сѐ тоа се однесува на гасот. Сите овие проекти се преплетуваат со политичките сфаќања, поради што ништо не е едноставно“, рече рускиот потпретседател на владата и додаде дека „Гаспром“ е заинтересиран за енергетски проекти во Грција и за создавање заедничко претпријатие и за размена на технологии со Грција.

„Заинтересирани сме за формирање заедничко претпријатие, проширување на инвестициите и напредните технологии кои би можеле да ги користиме“, рече тој.

Освен тоа, Русија разгледува учество во транспортите проекти во Грција. Тоа се однесува на железничката и пристанишната инфраструктура која е директно поврзана со туризмот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња