Непризнаената Молдавска република Приднестровје планира да се присоедини кон Русија, се вели во документот објавен на сајтот на владата на републиката.
Во указот е наведено дека нормативниот акт е потребен за исполнување на „волјата на народот на Приднестровје за слободно присоединување на Руската Федерација“. Документот е издаден за реализација на резултатите од референдумот во републиката што се одржа на 17 септември 2006 година.
Претседателот на републиката Евгениј Шевчук го нарече приоритет доведувањето на правниот систем на републиката во согласност со руското законодавство. Се истакнува дека нормативните акти кои противречат на законите на РФ ќе бидат дефинирани како акти кои не подлежат на примена.
„На мој поглед, потребно е да се усогласи нашата законодавна база со Руската Федерација. Сите сме оптимисти, повеќепати кажавме дека нашата национална идеја е признавање и влегување во состав на Руската Федерација. Ако зборуваме за тоа дека порано или подоцна Русија ќе биде наш дом, тогаш треба да живееме според законите на тој дом“, изјави премиерот на непризнатата република Павел Прокудин.
Меѓутоа Бирото за реинтеграција при владата на Молдавија го нарече указот на Шевчук неважечки и предизвикувачки.
„Тој е издаден од неуставен орган врз основа на незаконски референдум спроведен на дел од територијата на република Молдавија“, се вели во соопштението, пренесува „Рамблер Њуз Сервис“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче