Пентагон ги наведе условите за соработка со Русија за Сирија

Русија ги разгоруваше граѓанската војна и насилството во Сирија и не ни помогна да се доближиме до политичко решение на кризата кое подразбира заминување на Башар Асад и доаѓање на нова власт во која ќе се наоѓа умерената опозиција, истакна шефот на Пентагон Ештон Картер.

САД се подготвени за соработка со Русија во Сирија, но само под услов насилството во оваа земја навистина да престане, изјави шефот на Пентагон Ештон Картер, истакнувајќи дека засега не гледа можност за соработка.

Тој истакна дека САД инсистираат Асад што побрзо да си замине од власт.

„Знаеме дека треба да дојде до предавање на власта за да сетот тоа биде спроведено на вистинскиот начин, а тоа е она што, наводно, би требало да го направат Русите“, изјави Картер, пренесува „Дејли Меил“.

Според министерот за обрана на САД, Русија, кога ја почна операцијата во Сирија, планирала да се бори против тероризмот и да ја заврши граѓанската војна, но не ги исполнила ветувањата.

„Таа ги разгоруваше граѓанската војна и насилството во Сирија и не ни помогна да се доближиме до политичко решение на кризата кое подразбира заминување на Башар Асад и доаѓање на нова власт во која ќе се наоѓа умерената опозиција“, истакна тој.

Картер повика на вистински прекин на огнот.

„Не прекин каков што видовме, тоа беше само делумен прекин на огнот. Нашето трпение не е безгранично“, истакна тој, додавајќи дека САД и Русија имаат прилично сериозни несогласувања, затоа што Русија „секаде се однесува агресивно“.

Претходно во четвртокот „Вашингтон Пост“ објави дека САД ѝ понудиле на Русија „последен предлог“ за постигнување договор за Сирија и дека одлуката на Москва се очекува во наредните неколку денови. Кремљ одговори на тоа дека Русија и САД разгледуваат извесен документ за Сирија, но дека не е завршен и дека остануваат голем број прашања поради кои не е постигнат компромис.

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња