Анкара дозволува можност за испорака на руски гас во Европа преку гасоводот „Турски тек“ на турско-грчката граница, изјави за новинарите претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер.
„Турската страна дава таква можност на границата меѓу Турција и Грција“, изјави Милер, одговарајќи на прашањето дали ќе може да се испорачува гас во Европа преку „Турски тек“.
Како што соопшти на 3 септември министерот за енергетика на Русија Александар Новак, Москва и Анкара во текот на следниве месец-два треба да потпишат меѓувладина спогодба за да може до крајот на 2019 година да биде изграден првиот крак на гасоводот. Како што објасни министерот, станува збор за изградба на првиот крак на гасоводот по дното на Црното море за директно снабдување на турските потрошувачи и, веројатно, на вториот за потрошувачите од југоисточните земји на Европа. Притоа вториот крак Русија е подготвена да го изгради единствено по добивањето гаранции од ЕУ и Европската комисија дека ќе има потреба од оваа инфраструктура, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче