Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери ги разгледаа на средбата во кинескиот град Хангжу понатамошните чекори за соработка во решавањето на конфликтот во Сирија, се вели во соопштението на МНР РФ што го пренесува РИА „Новости“.
„На четврти септември во текот на самитот на Г-20 во Хангжу (Кина) министерот за надворешни работи на Руската Федерација имаше одделна средба со Државниот секретар на САД Џон Кери“, соопшти МНР РФ.
Во текот на дискусијата, како што се истакнува, страните дискутирале за „понатамошните чекори за соработка во решавањето на конфликтот во Сирија, вклучувајќи задачи за зацврстување на режимот на прекин на борбените дејствија и руско-американската сработка во борбата со терористичките групи“.
На почетокот на септември Лавров изјави дека од почетокот на 2016 година тој и Кери одржале повеќе од 40 разговори, нарекувајќи го овој број на разговори без преседан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче