Медиум: САД и понатаму ќе ѝ плаќаат на Русија за своите астронаути

Со оглед на тоа дека американската програма за летови со посада се соочува со одлагања, НАСА „можеби ќе мора од Русија да резервираат дополнителни места за да обезбеди присуство на САД на Меѓународната вселенска станица“, пишува „Вашингтон Пост“.

Програмата за американски лансирања на ракети со екипаж наидува на тешкотии и одлагања. Тие ќе доведат до тоа НАСА и понатаму да мора да се потпира на Русија во врска со испраќањето свои астронаути во вселената.

НАСА во 2014 година склучи договор со компаниите „Боинг“ и „СпејсЕкс“ кои ќе ги превезуваат американските астронаути до Меѓународната вселенска станица. Но со оглед дека програмата за летови со посада се соочува со одложувања, НАСА „можеби ќе мора од Русија да резервира дополнителни места за да обезбеди присуство на САД на Меѓународната вселенска станица”, пишува „Вашингтон Пост“.

Весникот истакнува дека цената за испраќање еден астронаут во орбитата во ракета „Сојуз“ нагло порасна од 2010 година. Додека САД сѐ уште имаа активна програма со вселенски шатлови, цената беше околу 25,4 милиони долари по лице, но веќе од 2012 година таа сума изнесуваше 51 милион долари.

Како што истакнува весникот, САД досега на Русија ѝ платиле 3,4 милијарди долари за превоз на своите астронаути во вселената.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња