Министерството за вонредни состојби на Русија ќе испрати во Италија оперативна група за помош во отстранувањето на последиците од земјотресот, пишува „Газета.ру“.
„Во Италија по барање на италијанските власти е веќе упатена оперативна група на МВС Русија за дефинирање на обемот и видот на неопходната помош. Покрај тоа, Италија се обрати до МВС Русија со барање за помош во проценувањето на техничката состојба на градбите и инсталациите кои настрадаа од земјотресот“, се вели во соопштението.
Од министерството додадоа дека исто така ќе испратат во Италија четири мобилни дијагностички системи „Струна“ за проверка на градбите во реонот на земјотресот.
Претходно беше соопштено дека по силниот земјотрес во Италија, во кој загинаа над 280 лица, во земјата започна истрага поради можното прекршување на правилата и прописите за градење.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче