Притоа за Европската унија, според мислењето на сенаторот, „вчерашниот ден не беше најдобар“, пренесува РИА „Новости“.
„Проблемите на Сирија и Украина се дискутираа во исклучително билатерален руско-американски формат (12-часовна средба на Лавров и Кери во Женева), притоа резултатите од преговорите првпат по подолго време влеваат определен оптимизам“, напиша Косачов на „Фејсбук“.
Според него, Европската унија можеше само да ги гледа отстрана овие преговори.
„Подготвеноста во сѐ да се поддржуваат Американците и во ништо да не се поддржува Русија се покажува како сѐ помалку ефикасен и како сѐ помалку баран инструмент на светската политика која се обидуваат да ја спроведуваат во ЕУ и која постојано создаваше многу дополнителни проблеми во соработката на ЕУ со Русија, без да реши никакви проблеми во односите на ЕУ со САД“, истакна Косачов.
„Доаѓа време на промени?“, се прашува политичарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче