Порошенко тврди дека Русија сака да ја земе цела Украина

Претседателот на Украина повторно ја обвини Москва за мешање во конфликтот на југоистокот на земјата.

На годишнината од независноста на Украина, претседателот Петро Порошенко изјави во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен дека, според неговото мислење, Владимир Путин сака да ја види цела Украина како дел од „руската империја“.

„На Русија не ѝ се потребни Донецк или Луганск – ним ѝ треба целата моја земја (Украина) како дел од руската империја“, изјави Порошенко.

Според него, единствената цел на Москва е постигнување „помалку стабилен и помалку безбеден свет“.

Порошенко исто така изјави дека борбата во Украина за „слободата, демократијата, сувереноста и територијалниот интегритет трае и по 25 години од стекнувањето на независноста“, а САД, „како светски лидер, треба рамо до рамо да се борат со нас за глобална стабилност“.

Претседателот на Украина повторно ја обвини Москва за мешање во конфликтот на југоистокот на земјата, изјавувајќи дека во последно време 80% од сите гранатирања во Донбас биле извршени од Русија и од армиите на самопрогласените републики, кои Киев ги смета за терористички организации.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња