САД се надеваат на позитивен исход од преговорите меѓу Кери и Лавров

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери ќе се сретнат на 26 август во Женева.

САД се надеваат на позитивен исход од преговорите меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери за Сирија, соопшти во средата портпаролот на Стејт департментот Елизабет Трудо, пренесува РИА „Новости“.

„Нема да навлегувам во детали за преговорите. Државниот секретар Кери и министерот Лавров ќе се сретнат очи в очи за да дискутираат за тоа каде се наоѓаме сега (во преговорите за Сирија). И јас се надевам дека по завршувањето ќе можеме да истапиме со позитивна изјава“, изјави таа.

Претходно беше соопштено дека државниот секретар Џон Кери ќе престојува од 25-27 август во Женева, каде на 26 август ќе има средба со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров со кого ќе дискутира за Сирија и Либија.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња