Од Државната дума одговорија на обвинувањата дека Русија го поткопува НАТО

„Смешно е кога џин на глинени нозе зборува дека некој го поткопува неговото единство“, изјави Владимир Комоедов, шеф на Комитетот за одбрана на руската Државна дума.

„Изјавата на шефот на Здружениот штаб на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд сведочи за елементарниот страв кој раководството на НАТО го чувствува соочувајќи се со проблемите на своите членки. Анализирајте ги внимателно критичките истапи на опозициите во секоја од земјите-членки и ќе видите дека мнозинството жители и на Европа, и на САД не ја поддржуваат агресивната политика на Алијансата. Тие не сакаат да ги праќаат своите татковци и синови во смрт во жариштата на планетата кои токму НАТО ги создаде со своите непромислени постапки“, изјави Владимир Комоедов, шеф на Комитетот за одбрана на руската Државна дума.

„Смешно е кога џин на глинени нозе зборува дека некој го поткопува неговото единство. Русија никогаш не си поставувала таква задача, токму спротивното, секогаш сме зборувале за изградба на нормални односи со НАТО“, рече Комоедов.

Како што истакнува рускиот пратеник, СССР меѓу првите сакаше да стапи во НАТО. Комоедов потсетува дека во 1954 година е поднесено барање за членство во Алијансата, но е одбиено, по што Советскиот Сојуз сфати дека треба да биде подготвен и основаше противтежа на НАТО – Организацијата на Варшавскиот договор.

По распадот на СССР токму Алијансата придонесе за формирањето на еднополарниот свет и никако не може да се помири со тоа што Русија динамично ги унапредува своите вооружени сили и ја развива воено-техничката соработка со земјите кои не се дел од западниот воен блок, нагласува Комоедов.

Шефот на Комитетот за одбрана на руската Дума ѝ препорачува на Алијансата да се врати на преговарачката маса со Русија и заедно да ги консолидираат ставовите, во спротивен случај, според него, НАТО го очекува неминовен распад, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња