Во Алепо последниве месеци се водат интензивни борби, а сириската војска и локалните сили за самоодбрана успеаја да опколат големи групи терористи во некои делови на градот.
„Овие авиони се употребени во јужното и југозападното предградие на Алепо, каде е насочен главниот напад на терористите. Цел се камповите, командните пунктови и конвоите, вклучувајќи ги и оклопните возила“, изјави Хасан за весникот „Известија“.
Тој истакна дека руските авиони Су-24М2 се многу ефикасни и помогнале во лоцирањето на логистичките објекти на терористите.
„Ако зборуваме за географијата на употребата на воздухопловството, освен Алепо, Су-24М2 активно се користат за цели во провинцијата Идлиб и Хама, од каде терористите ги добиваат потребните залихи“, додаде генералот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче