Министерството за одбрана на Русија е подготвено веќе од следната недела да воведе 48-часовна „хуманитарна пауза” во Алепо, соопшти портпаролот на МО РФ генерал-мајор Игор Конашенков.
„Подготвени сме наредната недела да воведеме 48-часовна „хуманитарна пауза“ за доставување на хуманитарна помош на жителите на Алепо како пилот-проект со цел да се осигура безбедноста при доставувањето на хуманитарната помош до цивилите во градот“, изјави Конашенков, пренесува „Взгљад”.
Генералот додаде дека 48-часовните хуманитарни паузи би биле организирани секоја недела и би биле користени за „доставување до населението на храна, лекови и обнова на комуналните системи кои се разрушени во нападите на терористите“, соопшти Министерството за одбрана на Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче